Рано утрово,
Злаан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави видео со дресот на шведскиот клуб
Хамарби, постот веднаш стана вирален а медиумите почнаа да пишуваат како
напаѓачот ја одбрал својата следна дестинација.
Од Хамарби ниту
потврдија дека Златан Ибрахимовиќ потпишал со нив, нит пак демантираа,
портпаролот Густафсон само кратко порача: „Повеќе информации ќе бидат соопштени
во текот на наделата“.
Раководството на
Хамарби, односно спртскиот директор Јаспер Јансон и генералниот извршен
директор Хенрик Киндлунд во моментов се во Лос Анчелес на средба со луѓето од
Галакси, заедничко за двата клуба е милијардерот Филип Аншуц, кој е газда на
Галакси и има 49% од сопственоста на Хамарби.
„Не можам да потврдам
дали нашите директори се сретнале лично со Златан. Можам само да кажам дека
постот на Ибрахимовиќ предизвика голем интерес и ќе бидат обелоденети повеќе
информации во текот на неделава. Во моментов Златан е без клуб и нема да
проодлжи да игра во САД“ – додава Густафсон.
Според Скај
Италија, Златан нема да се пресели во Хамарби и објавата само е најава за
спонзорски договор помеѓу клубот од Стокхолм и семејството Ибрахимовиќ, а како
точно ќе изгледа соработката ќе се дознае во скоро време.