Пеп Гвардиола го
има најлошиот старт во својата кариера. Клуб предводен од Шпанецот никогаш
немал помалку од 10 бода по првите пет кола, но откако „граѓаните“ денеска се
сопнаа кај Вест Хем, имаат само 8 бода од 5 натпревари.
Манчестер Сити
имаше дури девет победи во низа против „чеканите“, обично лесно се справуваа изминативе
години, но денеска не одеше според планот.
„Граѓаните“ го
имаа поседот на топката, но тешко креираа шанси а се најдоа и во гол негатива
кога Антонио одлично се снајде во 18. минута и атрактивно погоди за 1-0.
Гостите се
вратија во игра на стартот од второто полувреме, нововлезениот Фоден изедначи
на 1-1, но и покрај големиот притисок, не успеаја по втор пат да го совладаа
Фабиански, кој во последните мигови со помош на стативата го сопре Марез.