Сити се мачеше еден час, а потоа убедливо го победи Брентфорд (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити со 3-0 го победи Брентфорд и го одржа притисокот врз Арсенал во борба по трофејот во Премиер лигата.

Брентфорд беше рамноправен противник еден час, а тогаш Доку постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.

По дадениот гол, падна голем товар од грбот на Сити, па почнаа полесно да играат и да напаѓаат по втор погодок.

Тоа се случи во 75. минута кога Халанд зголеми на 2-0, во судиското продолжение гол даде и Мармуш за конечна победа од 3-0.

По 35 одиграни натпревари Арсенал има два бода повеќе од Манчестер Сити и за еден гол подобра гол разлика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×