149
Победи за
Манчестер Сити и Евертон во последните два натпревари од „Боксинг деј“ во
Премиерлигата.
„Граѓаните“ без
многу проблеми стигнаа до триумф од 2-0 над Њукасл. Избраниците на Пеп
Гвардиола од прва до последна минутаа имаа контрола над мечот, со головите на
Гундоган и Торес ги осигураа трите бода и успеаја на уште еден меч да ја
сочуваат сопствената мрежа.
На „Брамал лејн“,
Евертон во финишот стигна до славје од 0-1 против Шефилд јунајтед. Сигурдсон
погоди за победа и скок на второто место на табелата.
„Сечилата“ пак на 15 натпревари не знаат за победа и се
на чекор до срамен рекорд на КПР, кој дури на 16 меча на стартот од сезоната 2012/13 немаше триумф во Премиерлигата.