83
„Ѓаволите“
минатата сезона приредија голем пресврт на Етихад и откако губеа со 2-0 на
полувреме, на крајот славеа со 2-3 и го спречија шампионското славје на
Манчестер Сити.
Очигледно „Граѓаните“ ја научија лекцијата па сега не
дозволија противникот одново да приреди изненадување.
Давид Силва во
12. минута го отвори резултатот, а на стартот од вториот дел Агуеро донесе 2-0.
Марсијал од пенал намали на 2-1, но Гундоган во финишот од мечот се погрижи
трите бода да останат на Етихад.
Со оваа победа, Манчестер Сити се врати на врвот на табелата, пред Ливерпул и
Челси. Манчестер јунајтед пак е на осмата позиција, со 12 бода помалку во однос
на лутиот градски ривал.