Сите сакаат да направат трансфер во Барса, но таму не секој си поминува добро, Пјаниќ е последен кој се жали

by
1 минути читање

Кога Барселона ќе им тропне на вратата тие веднаш со многу возбуда сакаат да се преселат на Камп Ноу, но дресот на каталонците е тежок и не успеваат сите да се снајдат.

Пјаниќ со душа чекаше да заигра за Барселона, но не помина долго а тој е веќе разочаран од минутажата која ја добива.

„Јас играв во сите клубови каде бев и со сите тренери кои ги имав. Ситуација како оваа сега никогаш не ми се случило. Се разбира дека не е лесно, тешко ми е многу што е така“, вели Пјаниќ.

„Не ја знам точната причина зошто не играм колку што очекував“.

„Јас работам напорно и ги почитувам одлуките, дури и кога не се согласувам со нив. Сакам да оставам трага во овој клуб“.

Пјаниќ не е единствениот кој го искусил ова. Од акутелните случаи тука е и Кутињо кој исто така не успеа да се снајде во каталонскиот клуб.

Хлеб кој со Барселона ја освои Лигата на шампионите во една ситуација рече: „Не чувствувам дека во кариерата сум освоил Лига на шампиони, бидејќи јас не играв, без разлика што добив медал“.

Не е лесно да се успее во Барселона, притисокот е огромен, исто како и очекувањата на навивачите, ако не импресионирате во првите шанси кои ќе ги добиете, голема е веројатноста да имате неславна авантура таму. Мора да се признае дека не е многу поразлично ни за фудбалерите кои одат во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×