Сите го сакаат Махмуд Дахуд

by
1 минути читање

Младинскиот германски репрезентативец важи за голема фудбалска надеж, неговиот договор со Борусија Менхенгладбах истекува летото 2018, па речиси сигурно е дека тој ќе направи трансфер во идниот преоден рок со цел и клубот да заработи на неговото заминување.

Се шпекулира дека Борусија Дортмунд е најблиску до неговиот потпис поради тоа што Дахуд сметал дека се уште е рано да ја напушти Германија.

Но конкуренцијата е голема, од Премиерлигашите се споменуваат Челси и Ливерпул, а интерес има и од Барселона, Јувентус и ПСЖ.

Поради својата креативност, Дахуд го споредуваат и со Месут Озил иако станува збор за подефанзивен играч од средниот ред.

Тој има само 21 година, но собрано големо искуство, има дури 48 настапи во Бундеслигата за Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона е и нивниот главен играч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани