Сите чекаа Рамос да го даде одговорот за неговата иднина, но…

by
1 минути читање

Договорот на Серхио Рамос истекува по крајот на оваа сезона и се уште не се знае дали тој ќе продолжи во Реал Мадрид или ќе си замине.

Се чини дека Флорентино Перез притиска да го задржи капитенот, но се уште нема договор меѓу двете страни.

Запрашан за неговата иднина, Рамос одговори: „Има голема неизвесност. Би сакал да можев да кажам нешто, но нема ништо ново. Размислувам само на враќањето по повредата и завршувањето на сезоната на најдобар можен начин. Нема ништо ново околу продолжување на договорот. Ви гарантирам дека кога ќе има нешто, јас прв ќе го соопштам“.

Ваквата изјава дава надеж на навивачите на Реал Мадрид дека Рамос има можност да остане. Во едно од сценаријата тој би играч во срцето на дефанзивата заедно со Алаба, а Варан би бил продаден бидејќи сака да замине од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани