Синсинати се посрамоти за сите пари во објавата за Стам, а ривалите му удрија тежок сеир (ФОТО)

by
1 минути читање

Во текот на
вчерашниот ден, официјално на клупата на американскиот клуб Синсинати седна
поранешниот холандски фудбалер и еден од најдобрите дефанзивци во историјата на
фудбалот, Јап Стам.

Сепак, во
меѓувреме клубот од Источната конференција на МЛС се посрамоти на социјалните
мрежи откако во обид да објави добредојде за Јап Стам, во објавата имаше
погрешна фотографија, наместо фотографија од Холанѓанецот.

Нормално, по ова
се разбуди иновативноста кај ривалите, па ретко кој се воздржа, а да не му удри
сеир на Синсинати, со тоа што објавуваа фотографии од познати личности, со
порака „Добредојте“, или „Честитки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×