33
Медиумите од Бразил пренесуваат дека Рајо Валљекано е во преговори со Сантош за позајмица на Робињо Жуниор.
Робињо Жуниор, син на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, е пред трансфер во Европа.
Како што пренесуваат медиумите од Бразил, Рајо Ваљекано води преговори со Сантош за позајмица со опција напаѓачот во целост да биде купен за 10 милиони евра.
Интерес за младото момче пројавуваат и неколку други екипи, како Севиља и Џенова.