Синоќешната изјава на Азар е дел од голема стратегија, во јануари следи атак на Реал?!

by
1 минути читање

Белгиецот никогаш
не криел дека желба му е да го облече дресот на „Кралевите“ и вчера откри дека
е на два ума, дали да стави потпис на нов договор со Челси или пак да брка
остварување на детскиот сон и настап во Реал Мадрид.

Според медиумите
од Шпанија, синоќешната изјава на Еден Азар е дел од голема стратегија со која
треба да се омекне позицијата на Челси.

Се верува дека
„Сините“ бараат 200 милиони евра, но со оглед на тоа дека играчот е под договор
до 2020, Реал е убеден дека може да го купи за значително помала сума, слично
како при трансферот на Тибо Куртоа. Голманот имаше само уште една година од
договорот и се пресели во Мадрид за само 35 милиони евра во лето кога Ливерпул
плати преку 70 милиони евра за Алисон, а Челси одвои 80 милиони евра за Кепа.

Реал Мадрид во
јануари ќе тропне на вратата на Челси и ќе се обиде конечно да стигне до
потписот на Еден Азар. Зе една ваква голема зделка во зимскиот преоден рок сега има повеќе
простор и логика поради промената на правилата и тоа што УЕФА дозволи играчите да
можат да настапуваат во Европа за два различни клуба. Еден Азар ќе може да игра
за „Кралевите“ во Лигата на шампионите и покрај тоа што веќе се појави во дресот на Челси во
Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани