Атлетико Мадрид синоќа изгуби уште два бода откако одигра 0-0 на гостувањето кај Хетафе, Реал Мадрид го совлада Елче, а денеска Барса го игра својот дуел и може да дојде на -4 до врвот.
„Има уште 11 натпревари до крајот, нормално е да има притисок, ние речиси цело време сме први. Велат Барселона е лоша, но отие за малку ќе го победеа ПСЖ на негов терен, имаат нов претседател и сега се полни со ентузијазам, а Реал Мадрид секогаш успева да ги добие натпреварите“, вели Симеоне.
„Мислам дека Реал Мадрид и Барселона нема да загубат натпревар до крајот на сезоната, и ние треба да знаеме кој е нашиот пат“.
„Се обидуваме чекор по чекор да продолжиме, натпревар по натпревар, имаме две чудовишта позади нас кои сакаат да бидат таму каде што ние сме во моментов“.