Симеоне не му замери на Гризман: Колку играчите се погневни поради замена, толку јас сум посреќен

by
2 минути читање

Во 71. минута од
вчерашното гостување во Леверкузен, Диего Симеоне реши од игра да го повлече
Кевин Гамеиро, и на сметка на нападот да го зацврсти средниот ред со Томас.

Антоан Гризман не
се сложи со оваа одлука, ТВ камерите го уловија напаѓачот како во неверица му
довикува на тренерот дека најдобриот играч го напушта теренот.

„Не, не, не. Не
го вади него од игра. Тој е најдобар, тој е најдобар!“
– довикуваше Французинот кон
клупата.   

Неколку минути
подоцна и самиот Антоан Гризман беше повлечен од игра, а одлуките на Диего
Симеоне се покажаа како исправни со оглед на тоа дека нововлезениот Фернандо
Торес постигна гол за конечни 2-4.

„Колку погневни
се играчите за замените, толку јас сум посреќен
– рече по крајот на средбата тренерот на Атлетико Мадрид.

„Баер притискаше
кога имавме водство од 2-3, и ми изгледаше дека се многу поопасни од претходо
.

„Гамеиро
веројатно го играше најдобриот натпревар откако пристигна а Гризман исто како и
секогаш си ја вршеше својата работа. Но јас сакав да внесам свежи играчи
.

„Мислам дека
потегот беше исправен, Торес постигна гол а Кореа имаше добра шанса за гол
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани