Антоан Гризман по
пет сезони во Атлетико, летоска ќе започне нова авантура. Барселона постојано
се посочува како главен фаворит за потписот на Французинот, но уште неколку
клубови се подготвени да достават понуда за напаѓачот, како ПСЖ, Манчестер
Сити, Мачестер јунајтед и Баерн Минхен.
Диего Симеоне на
денешната прес конференција меѓу редови навести дека Антоан Гризман сепак ќе
заврши на Камп Ноу.
На прашањето зошто
најдобрите играчи на Атлетико, и особено Гризман се решаваат да заминат од
Мадрид, популарниот Чоло рече: „Играчите секогаш сакаат да одат во големи
клубови, во Баерн во случајот на Лукас Хернандез, Барселона… (во случајот на Гризман). Тие се
подобри тимови од нас, и историски гледано се далеку поважни“.