Симеоне: Арсенал заслужено е во финале, Артета прави фантастична работа!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, џентлменски го призна поразот од Арсенал и го испофали неговиот колега од спротивната страна, Микел Артета.

Арсенал ја доби битката против Атлетико Мадрид, Артета го надмудри Симеоне во нивниот тактички дуел на два тренери кои играат дефанзивен фудбал со многу пасија.

„Штом сме елиминирани, тоа значи дека нашиот противник заслужил да помине. Тие ја искористија нивната голема шанса во првото полувреме и заслужија да одат понатаму. Ако ме прашате како се чувствувам, ќе ви речам дека се чувствувам смирено. Мислам дека тимот даде апсолутно се во првиот меч, можевме да победиме тогаш, но не бевме доволно прецизни“, вели Симеоне.

„Вечерва одигравме многу подобро во второто полувреме споредено со првото. Имавме шанси и имаше работи кои можеа да одат во наша полза, но не беше така“.

„Мислам дека Микел Артета направи фантастична работа во Арсенал. Тој долго време се обидува да дојде до оваа точка. Тие имаат неверојатна финансиска моќ и тоа е врзано со тоа што го прават. Навистина сум задоволен за нив. Го заслужија ова. Работеа многу напорно со години“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×