Стратегот од
клупата на Ливерпул, Јирген Клоп во изјава по мечот со Евертон рече дека му се
извинил на неговиот конкурент од спротивната страна, Марко Силва, за начинот на
кој го прослави голот за победа во драмата во самиот финиш од средбата на
Енфилд.
Ориги го
искористи големиот кикс на Пикфорд и со глава погоди за победа на Ливерпул од
1-0 во лудиот финиш, а донесе ерупција од радост на преполниот Енфилд, сепак, по мечот,
стратегот од клупата на Евертон, запрашан за тоа дали Клоп му се извинил, тој
демантираше такво нешто.
„Тој не ми се
извини, да бидам искрен, не видов ништо, не знам што направил, мислам дека тој
самиот не очекуваше такво нешто, тоа беше среќна победа за нив, но, тоа е
фудбалот…“ рече Силва.
„Веднаш по мечот
отидов и му се извинив на Марко Силва, разговаравме, му кажав дека премногу ја
почитувам неговата работа, бидејќи е неверојатно сето тоа што го прави со таа
екипа, едноставно се премногу добри“ гласеше изјавата на Клоп по мечот, но,
истата беше демантирана од Силва.
breaking: