Фудбалскиот свет е воодушевен од новата сензација на Барселона, Ламин Јамал. Само 17 години има овој неверојатен талент, но она што го направи во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:3) и понатаму е тема во јавноста.
Јамал не само што постигна прекрасен гол, туку двапати ја погоди и рамката од голот, а неговите дриблинзи и експлозивност буквално ги оставија без одговор одбранбените фудбалери на италијанскиот шампион. Со погодокот кој го постигна на само 17 години и 291 ден, стана најмладиот стрелец во едно полуфинале од Лигата на шампионите, надминувајќи го рекордот на Килијан Мбапе поставен пред осум години.
Овој настап е само уште едно потсетување дека Јамал одамна не е е само некој фудбалер кој многу ветува вво иднина, туку и реалност. Дебитираше за сениорскиот тим на Барса уште на 15 години и во наредните две години успеа да дојде до бројката од 100 настапи што е фантастично за еден 17-годишник.
Но, магијата на Јамал не е нова приказна, на социјалните мрежи веќе кружат стари видеа од сезоната 2019/20 кога, како 12-годишник, доминираше во младинските категории на Барселона. Играше против значително постари, физички посилни ривали, но со неверојатна леснотија ги поминуваше со спринт, промени на правецот, дриблинзи и контрола со пета. Сѐ она што сега го прави на најголемата европска сцена уште тогаш изгледаше како магија.
This was bro at 12 lol, barca fans were waiting for him to turn 16 for YEARS pic.twitter.com/sj78wyqClx https://t.co/npbgce7WvT
— dc (@MUTDXII) April 30, 2025