Шверцери не добија карти за мечот Албанија-Србија, ќе протестираат во Скопје!

by riste
1 минути читање

Навивачката група на Шкупи, Шверцери, се разочарани поради тоа што не добија билети за квалификацискиот меч меѓу Албанија и Србија кој ќе се одигра во Тирна.

Фудбалската федерација на Албанија не им даде влезници на Шверцери за мечот со Србија, па тие решија револтот за тоа да го изразат со собир на плоштадот „Скендербег“.

Собирот ќе се случи во сабота во 20:45 часот во терминот кога се игра натпреварот меѓу Албанија и Србија.

„Сакаат да не поделат, но не можат тоа да го направат со билети, правила и наредби. Ние сме глас на трибината кој никогаш не запира. Ние сме ‘Шверцери’, црвено-црни. Или си со нацијата или си против неа“, пишува, меѓудругото, во соопштението од навивачката група од Чаир.

Шверцери не се единствените ултрас навивачи кои не добија билети за натпреварот. Истото им се случило и на навивачки групи од Албанија на кои им било кажано дека ќе мора да набават влезници по регуларен пат.

За 22.000 влезници аплицирале дури 200.000 луѓе. Интересот за овој натпревар е огромен, тој е прогласен за меч од висок ризик поради можноста од инциденти.

Фото: Fb/Shkupi

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани