Сантош може да се најде во сериозни проблеми поради Нејмар, медиумите од Бразил пренесуваат дека Робињо Жуниор (син на легендарниот Робињо) побарал раскин на договорот поради инцидентот на тренингот во неделата кога беше физички нападнат од својот постар колега.
Нејмар направил голем инцидент изминатиов викенд, му „залепил“ шлаканица на Робсон Де Соуза Жуниор, кој е попознат како Робињо Жуниор.
Искусниот напаѓач бурно реагирал откако неговиот помлад колега го издриблал, сметал дека на овој начин било покажано непочитување.
Тој прво почнал да го навредува Робињо Жуниор, а набрзо ситуацијата ескалирала и во физички напад.
И покрај тоа што се говореше дека двајцата на крајот се смириле, ГлобоЕспорте објави дека правните претставници на Робињо Жуниор презеле формални чекори.
Тие тврдат дека Нејмар „упатил тешки навреди“, потоа „му подметнал сопка“ и на крајот „му залепил силна шлаканица“ на Робињо Жуниор.
Се бара акција и транспарентност во врска однесувањето на ветеранот со број 10, како и објавување на снимките од тренингот.
Дури и се бара раскин на договорот поради, како што велат, недостаток на основни безбедносни услови во клубот.