Шкупи со емотивна порака се збогуваше од босанскиот тренер кој почина вчера

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Шкупи денеска преку социјалните мрежи со емотивна порака се прости од својот поранешен тренер, Младен Жижовиќ кој вчера го загуби животот откако му се слоши за време на натпреварот помеѓу Младост Лучани и Раднички, тимот кој го водеше.

„Со длабока тага се збогуваме од нашиот поранешен тренер Младен Жижовиќ. Твојата посветеност, страст и лидерство секогаш ќе останат во нашите сеќавања. Засекогаш си дел од нашата историја“, стои во објавата на чаирскиот клуб.

Жижовиќ пристигна во Шкупи на 9 септември 2023 година како наследник на Џихат Арслан и остана на клупата до 18 април 2024 година. Во тој период го водеше тимот на 21 натпревар, при што запиша 13 победи, шест ремија и само два пораза. Поразот од Тиквеш во Купот на Македонија се покажа како кобен за него, по што доби отказ, а на негово место беше назначен Ернест Ѓока кој ја заврши сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×