Eкипата на Шкупи која по лошата сезона минуваше и низ еден турбулентен период денеска го објави првото засилување ова лето.
Станува збор за 21-годишниот Емре Кадри кој пристигнува редовите на Брегалница. Претходно Кадри кој игра во одбраната како лев бек го носеше и дресот на Работнички, а во текот на 2023 настапуваше и за генерацијата на турската Адана Демирспор до 19 години.
Во својата објава на социјалните мрежи, Шкупи го опиша Кадри како млад и наджен дефанзивец.
Интересно е што овој трансфер беше објавен во текот на вчерашната вечер, но подоцна објавата беше избришана, за сега одново да биде се потврдено.