Екипата на Шкупо вечерва го назначи Еркан Мурсели за нов тренер на клубот кој ќе има тешка задача во вториот дел од сезоната.
Шкупи по 16 кола во првенството е единствена екипа без победа со само еден освоен бод на последното место на табелата.
„Еркан Мурсели е именуван за тренер и го презеде раководењето на ФК Шкупи во еден од најтешките моменти за клубот. Денес, Мурсели ја одржа и првата тренинг-сесија со екипата, симболичен, но важен почеток, кој испрати јасен сигнал за максимална посветеност и чесна работа.
Во овој период, кога зборовите имаат многу помала тежина од делата, неговото присуство и активната улога во тимот се јасна порака дека Шкупи започнува ново поглавје, со одговорност и целосен фокус на враќање на екипата на вистинскиот пат“, објави Шкупи.