30
Со гол на Ване Крстевски во самиот финиш од натпреварот, Шкендија со 1-0 ја победи Европа во Скопје и со вкупни 6-0 се пласираше во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
Македонскиот вицешампион работата си ја заврши на првиот натпревар, од гостувањето се врати со пет голови позитива, па денеска си дозволи мирен реванш.
Фудбалерите на Шкендија не се испотија многу, ја контролираа играта, а на крајот постигнаа и гол за нова победа.
Ване Крстевски го постигна победничкиот гол во 86. минута од натпреварот.
Шкендија во следното коло ќе игра против словенечкиот тим Браво. Првиот натпревар го игра на гостински терен.