Шкендија го пречекува Браво и сака пресврт за продолжување на европскиот пат

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Шкендија вечерва го игра реваншот против словенечкиот Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига во кој тетовци ќе се обидат да ја надополнат негативата од 2-1 од првиот дуел на гостински терен.

Пред овој натпревар кој се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје управата на Шкендија одлучи да ги отвори вратите на трибините и влезот за сите ќе биде бесплатен.

Стратегот на Шкендија, Артим Положани на вчерашната прес-конференција го поздрави ваквиот гест сметајќи дека на овој начин ќе се истакне поврзаноста меѓу Шкендија и навивачите.

„Шкендија не е само „балистите“ кои ни дадоа поддршка и во Словенија, сакаме да привлече голем број начи привзраници да дојдат и да ја дадат својата поддршка за да ни помогнат заедно да славиме“, изјави Положани.

Натпреварот е закажан во терминот од 20:00 часот. Ако Шкендија успее да направи пресврт и го помине Браво тогаш ќе биде наш единствен претставник во третото квалификациско коло откако Вардар беше запрен од летонска Рига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×