Шкендија Арачиново и Силекс го отвораат второто коло во ПМФЛ

by riste
1 минути читање

По празничната пауза македонскиот фудбал се враќа на сцена, се игра второто коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), денеска има еден меч, Шкендија Арачиново против Силекс.

Шкендија Арачиново своите домашни натпревари ги игра на стадионот во Чаир, а денеска со почеток од 17 часот таму ќе гостува екипата на Силекс.

Арачиновци ги бараат првите бодови, Силекс ќе биде сериозен фаворит во овој меч, но домаќините се надеваат дека со поддршка од своите навивачи ќе останат непоразени.

За утре (сабота) се предвидени два натпревари, Башкими го пречекува Силекс од 17 часот, а два часа подоцна, во ноќен термин, Брегалница во Штип игра против Арсими.

Колото се затвора во недела со двата последни натпревари, Скопје против Струга и големото дерби на Градски меѓу Вардар и Шкендија. Двата меча почнуваат од 17 часот.

ПМФЛ 2. коло

Петок
Шкендија Арачиново – Силекс 17:00
Сабота
Башкими – Тиквеш 17:00
Брегалница – Арсими 19:00
Недела
Скопје – Струга ТЛ 17:00
Вардар – Шкендија 17:00

Сите натпревари ќе бидат пренесувани на програмите на ТВ Арена Спорт Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×