Шешко со еден потег на социјалните мрежи предизвика трансфер лудило (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко почна да го следи Арсенал на социјалните мрежи, па многумина оваа го протолкуваа како сгинал дека напаѓачот е пред трансфер на Емирати.

„Топчиите“ сакаат ова лето да ангажираат нов голгетер, на листата со желби има неколку имиња, но две отскокнуваат – Виктор Ѓокереш од Спортинг и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг.

Словенечкиот фудбалер сега предизвика трансфер лудило со еден потег на социјалните мрежи откако почна да го следи Арсенал.

Многумина ова го протолкуваа како сигнал дека напаѓачот е пред трансфер на Емирати.

Останува да се види дали ќе се реализира една ваква зделка, низ медиумите кружат различни информации за тоа каде запнале преговорите.

Едни извори пишуваат дека фудбалерот бара преголема плата, додека пак други дека РБ Лајпциг бара премногу пари за да даде зелено светло за продажба.

ФОТО: X/RB Leipzig

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×