Шабани: Живееме за вакви натпревари, искусни сме и може да победиме!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Струга Буњамин Шабани присуствуваше на денешната прес-конференција со тренерот Илчо Ѓорѓиоски (ТУКА) и го најави утрешното финале во Купот на Македонија.

Како што истакна Шабани натпреварот ќе биде од голема важност за Струга и верува дека имаат фудбалери кои можат да им донесат победат.

Утре за нас натпреварот ќе биде од голема важност. Подготвени сме сите, секој фудбалер ќе дададе се од себе и мислам дека можеме да дојдеме до трофејот. Сите сме искусни фудбалери и живееме за вакви натпревари, па не верувам дека тоа што ќе имаме помалку навивачи ќе биде проблем.

Секој натпревар е натпревар за себе, ќе излеземе на теренот да го покажеме тоа што го знаеме и да ги оствариме замислите на тренерот.

Со Вардар игравме повеќе натпревари оваа сезоан, но ова е финале и во вакви натпревари нијанси одлучуваат кој ќе биде победникот на крајот“, изјави Шабани.

Натпреварот се игра со почеток од 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани