Утрово Севиља
објави дека нивниот поранешен играч и миленик на публиката, Хосе Антонио Рејес
го загубил животот во сообраќајна несреќа.
Клубот од
Андалузија сега откри повеќе детали за трагичниот настан. Хосе Антонио Рејес
утрово бил на тренинг со Екстремадура, и откако не бил повикан за дуелот со
Кадиз, му било соопштено дека може да си оди дома.
На пат кон
неговиот дом во Утрера, на автопатот А-376 се случила сообраќајната незгода во
која целосно изгорел автомобилот со кој патувал фудбалерот.
Покрај Хосе
Антонио Рејес, животот на самото место го загубил и неговиот братучед Хонатан Рејес, додека пак
уште еден негов братучед, Хуан Мануел Калдерон бил хоспитализиран во сериозна ситуација, но и тој починал поради тешки изгореници .
Медиумите исто
така веќе објавија и фотографии од местото на несреќата и возилото кое беше
качено на камион од страна на спасувачките служби.