Севиља со луд пресврт во финишот го победи Еспањол – три бода кои можеби ќе значат опстанок! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Севиља со гол во судиското продолжение го победи Еспањол со 2-1 иако имаше негатива до десет минути пред крајот на мечот. Овој триумф е исклучително важен за легендарниот клуб во тешката битка која ја води за опстанок.

По десет минути игра во вториот дел Долан даде гол за Еспањол. Предноста на гостите траеше се до 82. минута.

Тогаш Кастрин погоди за израмнување на 1-1. А во 91. минута Адамс реализираше за комплетен пресврт и водство на Севиља од 2-1 кое значеше и победа.

Севиља сега полека влегува во добра позиција во битката за опстанок, а Еспањол е еден од клубовите кои се блиску до испаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×