Новиот тренер на
Барселона, Кике Сетиен, кој го наследи Ернесто Валверде на клупата на
Каталонците, бил дури четврти избор кај тимот од „Камп Ноу“ во потрагата по нов
тренер, според зборовите на шпанскиот фудбалски експерт Грем Хантер.
Сетиен потпиша
две ипол годишен договор, а се чини дека со тоа спласнаа шпекулациите за тоа
дека Каталонците на лето ќе имаат нов тренер, односно дека во Сетиен гледаат
привремено решение за таа позиција.
Како и да е,
самиот Сетиен, кој инаку е поранешен тренер на Бетис, призна дека бил изненаден
со тоа што му било понудено да биде тренер на Барселона, а Хантер верува дека
кон него било пристапено со преговори откако Каталонците не успеале да ги
убедат првичните три кандидати.
„Тие најпрво
отидоа во Катар да разговараат со Чави, за кого требаше да знаат дека нема да
прифати, потоа имаа обид за Роналд Куман, кој уште од претходно наведе дека
нема да им се приклучи, јасно е дека кај него има нескриена желба да ја
предводи Холандија на претстојното Европско првенство до голема победа
претстојново лето“ изјави Хантер за „ТрансферТалк“.
„Потоа целосно ги
ставија зборовите на Маурицио Покетино кажани во минатото, дека подобро би се
вратил на својата фарма во Аргентина, отколку да биде тренер на Барселона, па и
него не успеаа да го убедат“ додава Хантер, алудирајќи на познатата изјава на
Покетино, кој инаку е поранешен тренер на големиот ривал на Барселона, Еспањол.
„Кике Сетиен на
крајот беше една доста атрактивна опција, со менталитет на Јохан Кројф, но тој
беше дури четврти избор помеѓу кандидатите“ заклучи Хантер.