Серија А го одби
барањето на Наполи да го одложи мечот со Јувентус и соопшти дека мечот ќе се
игра вечерва во предвидениот термин во 20:45 часот. Си оглед на тоа дека
гостите не допатуваа во Торино, очигледно Јувентус ќе победи со службени 3-0.
Наполи сепак ќе
има адути за жалба, локалните здравствени власти инсистираат дека целиот тим на
„наполитанците“ мораат во карантин од 14 дена поради близок контакт со Зелински
и Елмас.
Се говори дека
клубот од Сан Паоло веќе ги известил сите репрезентации кои доставиле повик
дека играчите нема да се појават бидејќи мора во карантин. Дозвола да заминат
ќе добијат само оние кои не тренираат индивидуално како Милик.
Останува да се
види како ќе заврши овој хаос, од Серија А сугерираат дека локалните
здравствени власти не можат да се мешаат бидејќи тие имаат договорено протоколи
со Министерството за здравство и што ќе се случува во случај доколку играч или
играчи се позитивни на коронавирус. Тие посочуваат дека до сега веќе имало
неколку случаи и фудбалот продолжил, никој не барал карантин од 14 дена.