Серија А ќе биде следна дестинација на Фабрегас?

by
0 минути читање

Во наредните неколку дена Милан треба да биде преземен од Кинезите, очекувањата се дека со нивното доаѓање клубот ќе има и многу поголем трансфер буџет.

Според „Кориере дело Спорт“, росоњерите се сериозно заинтересирани за Сеск Фабрегас и го следат веќе неколку месеци, но ја чекаат смената на сопствеништвото за да испратат и конкретна понуда за неговите услуги.

Фабрегас има само пет старта во Премиерлигата оваа сезона, тој не е во плановите за стартната постава на Антонио Конте, па голема е веројатноста дека ќе си замине во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани