Селекторот на Португалија: Судијата ја погледнал снимката и ми се извини, но тоа нема да ни помогне

by
1 минути читање

Португалците синоќа нервозни си заминаа од Белград, во 93. минута не му беше признаен чист гол на Роналдо, топката со целиот обем ја помина гол линијата, но судиите не го видоа тоа. ВАР нема во квалификациите за СП.

„Кога заврши мечот судијата ми рече дека ќе ги види снимките и ако е гол ќе ни се јави да се извини. Така и беше, се јави, рече дека му е непријатно и се извини“, открива Сантош.

„Имам голема почит за судијата, но недозволиво е за вакво натпреварување да нема ВАР или технологија за гол линија. Топката беше половина метро во голот, ситуацијата беше многу чиста“.

„Судијата ми се извини, но тоа не го решава проблемот. Судиите прават грешки, луѓе се, но затоа постои ВАР“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани