Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација остана во „Ц“ дивизијата од Лигата на
нации, а прогрес од таму запиша Ерменија токму во вчерашната минимална победа
против избраниците на Игор Ангеловски.
Бура од емоции во
ерменскиот состав, кои кулминираа со барањето на шпанскиот фудбалски стратег,
односно селектор на Ерменците, Хоакин Капарос кој по мечот имаше посебно барање
до официјалните лица.
„Пуштете ја
химната, химната на Ерменија“ им порача Капарос на официјалните лица, а по
мечот се обрати и на социјалните мрежи.
„Победници во
групата и прогрес во Лигата на нации! Фотографија која вреди илјада зборови, а
ова е една од тие каде можете да ја видите сета среќа која се опишува со овој
тим по една фантастична победа“ напиша Капарос на социјалните мрежи.