161
„Каталонците“
многу потешко од очекувањата стигнаа до
три бода против Леганес, Лео Меси од белата точка во 89. минута ја спаси Барса
од нова бламажа.
Аргентинецот реши
да не го прослави победоносниот погодок па предизвика голема дебата, и
многумина се запрашаа зошто тој се решил на еден ваков потег.
Селекторот на
„Гаучосите“, Едгардо Бауза даде свое видување, мисли дека Лео Меси бил многу лут на критиките кои ги добил по дуелот со ПСЖ и затоа не го прославил голот.
„Мислам дека
реагираше на критиките кои ги доби по средбата со ПСЖ” – вели Бауза.
„Приметив дека
беше прилично лут кога го постигна погодокот”.