Шеиците не штедат пари, Катар троши 500 милиони долари неделно за мундијалот во 2022

by
1 минути читање

И покрај тоа што
изборот на домаќин на мундијалот во 2022 предизвика многу контроверзии, Катар
забрзано работи на подготовките а богатите шеици не штедат пари.

На проекти
повразани со СП 2022, Катар неделно троши речиси 500 милиони долари и планот е
да бидат потрошени над 200 милијарди долари.

„Трошиме речиси
500 милиони долари неделно на клучни проекти и ќе продолжиме да го правиме тоа
во следните три до четири години за да ја оствариме целта, односно да бидеме
подготвени за Светското првенство
– вели министерот за финансии, Али Шареиф Ал Емади.

Покрај изградбата
на стадиони, во овие суми влегуваат и трошоците за изградба на патишта, пруги, пристаништа,
нов аеродром и болници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани