Фудбалерите на Вардар вечерва славеа победа над Струга со која стигнаа до трофејот во Купот на Македонија по 18 години чекање.
Задоволство по натпреварот, но и големи пофалби за своите фудбалери истакна тренерот Гоце Седлоски.
„Честитки и за моите играчи и за фудбалерите на Струга. Победата е целосно заслужена, сè што барав од нив, го исполнија. Оваа екипа заслужува повеќе, знаете колку победи имаме оваа полусезона. Вакви фраери, им честитам…Знаете сами каде беше Вардар пред шест месеци, а каде е сега. Фудбалерите се вистински фраери. Со неколку засилувања, верувам дека Вардар ќе изгледа уште посилно во иднина“, изјави Седлоски.
Вардар со овој триумф се избори и за квалификации за Конференциската лига во наредното лето.