Себалјос: Го допревме дното по поразот од Барселона, промената на тренерот беше добра за нас

by
1 минути читање

Дани Себалјос
верува дека промената на тренерското столче во Реал Мадрид била добра за
клубот, а офанзивецот признава дека Кралевите го допреле дното по убедливиот
пораз од Барселона со 5-1 на Камп Ноу.

Мислам дека
промената на тренерот беше добра за нас бидејќи ние веќе сме во низа од три
победи и тоа е најважно
“ рече Себалјос и се надоврза на новиот тренер Сантијаго
Солари кој веќе забележа низа од три победи по неговото назначување.

Солари е доста
искрен со мене уште од првата средба, имаме голем состав и мислам дека можеме
да донесе резултати, по натпреварот со Барселона го допревме дното, мислам дека
промената на тренерот беше добра за нас, едноставно не одевме во позитивна
насока, а Солари не организираше да ги свртиме работите во наша полза
“ заклучи
Себалјос.

Под водство на
Солари Реал Мадрид забележа низа од три победи, и тоа против Мелиља во Купот на
Шпанија, Викторија Плзењ во Лигата на шампионите, односно Реал Валјадолид во
Примера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани