Се вжештува претседателската трка во Барса: Нема да дозволам ВАРентино да ја контролира Ла Лига (ФОТО)

by
1 минути читање

Се вжештува претседателската трка во Барса, Тони Фреиша продолжува со агресивната кампања.

Откако вети 250 милиони евра за засилувања и ангажман на две звучни имиња од нападот и едно од одбраната, тој сега го нападна првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и фаворитот за нов претседател на Барса, Жоан Лапорта.

На автобуските станици и метрото во Барселона се појавија плакати од Тони Фреиша, на еден од нив пишува: „Нема да дозволам ВАРентино да ја контролира Ла Лига“.

„Каталонците“ во минатото често се жалеа дека судиските одлуки се во корист на Реал Мадрид, а откако минатата сезона ја изгубија титулата во Ла Лига, обвинија дека критериумот се сменил по реакцијата на Флорентино Перез, кога првиот човек на „кралевите“ лично му се јавил на претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија за да му се пожали од арбитрите.

Што се однесува до постерот за Жоан Лапорта, Тони Фреиша му замерува на противкандидатот поради тоа што не сака да се појави на дебата, а го потсеќа и на хаосот кој го направи неговиот поранешен соработник Жоан Оливер во ФК Реус (клубот отиде во банкрот).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани