144
Добрите познавачи
на фудбалот сигурно ќе се потсетат на Фернандо Редондо, фудбалерот кој една
декада од својата кариера ја мина во Ла Лига, претежно во Реал Мадрид каде
играше шест сезони (1994/2000).
Денес
Аргентинецот го слави својот 50ти роденден а од Европската куќа на фудбалот
честитајќи му го роденденот потсетија на една од најдобрите асистенции во
историјата на Лигата на шампионите, во голот на Раул против Манчестер јунајтед,
асистенција во која тогаш „настрада“ и практично беше посрамотен Хенинг Берг,
Норвежанецот кој сигурно се уште го памети тој потег…
class="twitter-tweet" data-lang="en">