Настапите на Светското првенство донесоа промени во трката за освојување на престижната „Златна топка“, а според најновите проценки, Килијан Мбапе го презеде водството пред Хари Кејн.
Напаѓачот на Англија на Мундијалот пристигна како главен фаворит, по фантастичната сезона во која постигна 74 голови. Тоа е вториот најдобар голгетерски учинок во една календарска година, веднаш зад рекордот што го постави Лионел Меси во 2012 година.
Сепак, одличните игри на Мбапе во дресот на Франција му донесоа предност во актуелните прогнози. Според анализите, францускиот ас во моментов има 32 проценти шанси да ја освои најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал, додека Кејн е веднаш зад него со 29 проценти.
Во голема мера исходот ќе зависи од тоа која репрезентација ќе ја освои светската титула. Доколку Франција стане светски шампион, Мбапе ќе биде во најдобра позиција за освојување на „Златната топка“, а во случај Англија да стигне до трофејот, шансите ќе бидат на страната на Кејн.
Во конкуренција останува и Лионел Меси, кој моментно е трет фаворит со 13 проценти шанси. Аргентинецот ќе мора да продолжи со одличните настапи и да ја предводи својата селекција до нова светска титула доколку сака да стигне до осмата „Златна топка“ во кариерата.
И покрај тоа, аналитичарите сметаат дека ниту евентуален триумф на Аргентина не би му гарантирал победа, бидејќи настапите на Меси во МЛС лигата се оценуваат како помалку вреднувани во споредба со најсилните европски првенства.
По Мбапе, Кејн и Меси, во потесниот круг кандидати за престижното признание се наоѓаат и Осман Дембеле, Џуд Белингам, Ламин Јамал и Михаел Олисе.