Се ослободи место, Елмас е поблиску до трансфер во Валенсија!

by Стефан
1 минути читање

Како што стојат работите македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е се поблиску до преселба во Валенсија.

Имено, Валенсија одлучи да го врати Максимилиано Кафуриз кој беше на позамица од Клермон и на него нема да смета за вториот дел од сезоната. Оваа информација е важна за Елмас затоа што станува збор за фудбалер кој игра на неговата позиција.

Очигледно во Валенсија се подготвени да му дадат прилика на Елмас редовно да игра и да ги покаже своите квалитети.

Македонскиот фудбалер токму поради слабата минутажа го напушти Наполи и се пресели во Лајпциг, но во Германија се случи спротивното и доби и помала минутажа отколку што имаше во калчолигашот.

Елмас во Валенсија се очекува да пристигне на позајмица до крајот на сезоната, а шпанскиот тим нема да има право на откуп и за неговата иднина повторно би се разговарало на лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани