Се огласи и Варди: Вечно ќе му бидам благодарен на Раниери, веруваше во мене кога… (ФОТО)

by
2 минути читање

Вечерва и Џејми
Варди се огласи на социјалните мрежи по отказот на Клаудио Раниери, откако
претходно тоа го сторија Шмајхел, Дринквотер и Марез.

Напаѓачот му се
заблагодари на стратегот и му посака се најдобро во иднина.

Англичанецот исто
така ја искористи оваа прилика да ги негира шпекулациите кои велеа дека тој е
еден од играчите кој побарал смена на Клаудио Раниери.

„Безброј пати
почнав да пишувам и да ги избришам зборовите од овој пост! Морам да најдам
правилни и соодветни зборови, барем толку му должам на Клаудио!
– гласи пораката на Варди на
Инстаграм.

„Клаудио секогаш
ја имаше и ќе ја има мојата почит! Она што го постигнавме заедно и како тим е
невозможно! Веруваше во мене кога многумина не веруваа, па затоа вечно ќе му
бидам благодарен
.

„Има шпекулации
кои велат дека јас сум бил инволвиран во неговиот отказ, но тие се неточни,
неосновани и навистина болни! Виновни сме само за тоа што како тим потфрливме
на теренот, и ова го признавме и во соблекувалната и јавно
.

„Му посакувам на
Клаудио се најдобро во иднина. Ти благодарам Клаудио за се
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани