Орелиан Чумани се огласи попладнево, Французинот вели дека инцидентот со Феде Валверде е неприфатлив, жали што го нарушил имиџот на Реал Мадрид, а им се извини и на навивачите.
„Кралевите“ изминативе два дена се во фокусот на јавноста поради инцидентот кој го направија Феде Валверде и Орелиан Чуамни, решија со боксови да ги расчистуваат недоразбирањата.
Реал Мадрид брзо пресече и ги казни двајцата со по 500.000 евра, што е рекордна сума.
Попладнево се огласи Орелиан Чуамени, кој порача дека инцидентот кој го направиле е неприфатлив, жали што го нарушил имиџот на Реал Мадрид, а им се извини и на навивачите.
„Неприфатливо е тоа што се случи на тренингот оваа недела, треба да бидеме пример за младите“ – вели Французинот. „Без разлика кој е во право, секогаш треба да се бара мирно решение на конфликтите“.
„Најмногу ми е жал за сликата која ја креиравме за клубот. Ги познавам навивачите, персоналот, моите соиграчи, раководството, сите се длабоко разочарани од текот на сезоната. Но фрустрациите не можат да биде оправдување за се, и вакви работи не му доликуваат на Реал Мадрид“.
Слично како и Ернесто Валверде, тој додава дека многу лаги биле кажани за инцидентот.
„Интернетот обожава да измислува луди приказни за да се креира сензација, не верувајте во се што беше кажано, ниту пак во лажниот наратив“.
„Но сега не е време да се утврдува кој што направи, кој што кажал, или дали едниот или другиот бил во право. Ја прифаќам казната која ја изрече клубот. Остануваме семејство, кое понекогаш има несогласување, но целите на тимот се пред се останато. Веќе им се извинив на соиграчите, па сега сакам јавно да им се извинам и на сите „Мадридисти“. Инцидентот завршува тука, сега во мислите го имаме само „Ел класико“ и финишот на сезоната“.