Саутгејт на клупата на Гордиот Албион до 2022

by
1 минути читање

Герет Саутгејт
потпиша нов договор со кој ќе остане на клупата на репрезентацијата на Англија
до Светското првенство во 2022. година, неговиот претходен договор истекуваше
по крајот на Европското првенство во 2020. година.

Јасно беше дека
ќе дојде до продолжување на соработката со англискиот селектор откако тој
успешно го предводеше тимот до полуфиналето од Мундијалот во Русија изминатото
лето, што беше прв таков успех за Гордиот Албион по цели 28 години.

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, Саутгејт според новиот договор на
годишно ниво ќе заработува 3 милиони фунти.

Среќен сум што
имам прилика да го водам националниот тим на претстојните две големи
натпреварувања, оваа работа е голема привилегија и чест
“ рече Саутгејт. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани