Англија вечерва
на Еланд Роуд го пречекува тимот на Костарика во контролниот меч каде Герет
Саутгејт ќе ја обави последната контролка пред Мундијалот.
Селекторото на
Гордиот Албион, Герет Саутгејт очигледно има големи импресии од шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за кого
истакна дека имал голем импакт на фудбалот на Островот.
„Гвардиола имаше
голем импакт на нашиот фудбал, но тоа не е од сега, тоа е дури од времето пред
да дојде тука. Натпреварите на Барселона беа гледани од 8-9 милиони гледачи на
ТВ. Кога растев, моите родители ми велеа ‘Исфрли ја подалеку колку што можеш, не ја
губи во шеснаесетникот, денес, децата се до толку охрабрени што прават додавања
во тој простор’“ рече
селекторот на Англија.
Саутгејт и
неговите избраници вечерва го играат последниот тест-меч пред настапот на
Светското првенство каде во групната фаза се во друштво на Тунис, Панама и
Белгија, а отвораат во дуелот со Тунис на 18 јуни.
class="twitter-tweet" data-lang="en">