Манчестер Сити лесно се справи со Саутемптон за да им се врати на победите и да креира +14 на врвот на табелата. Избраниците на Пеп Гвардиола вечерва славеа со 5-2.
Де Брујне го отвори резултатот, а десетина минути подоцна, Ворд Праус од пенал изедначи на 1-1.
Сепак, на пет минути пред крајот на првиот дел, Марез донесе ново водство за Сити, а длабоко во судиското надополнување, Гундоган зголеми на 3-1.
По десет минути игра во второто полувреме, Марез по втор пат се запиша во листата на стрелците, Адамс одговори во следниот напад и намали на 4-2, но Де Брујне веднаш одговори за 5-2 и мирна завршница.
На крајот „граѓаните“ се радуваа на три бода а Саутемптон нема по добри да ги памети гостувањата во Манчестер оваа сезона, „светците“ примија вкупно 14 погодоци против Сити и Јунајтед. Последен клуб кој примил толку могу погодоци во Манчестер е Барнли, во далечната сезона 1925/26.