Наполи во Мадрид загуби со 3-1 во првиот осминафинален меч против Реал. Тогаш претседателот Де Лаурентис јавно го критикуваше својот тим, по што Сари искажа незадоволство од ставот на неговиот работодавец.
Но, нивните односи сега се добри, и општото мислење во клубот е дека против Реал Мадрид нема што да загубат, но можат многу да добијат.
„Сите сме обединети, нашата заедничка цел е да одиграме добар натпревар. Притисокот е на страната на Реал Мадрид, тие се светски шампиони и имаат обврска да победат“ – вели Сари.
„Состанокот со претседателот? Во половина час, 28 минути зборувавме за филмови, за фудбал околу 30 секунди“.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е филмски режисер.