Пред само два дена еден од клучните фудбалери во составот на Наполи, Лоренцо Инсиње посочи
дека во случај Маурицио Сари да го одбере Јувентус тоа ќе биде рамно на
предавство, со оглед на големото ривалство помеѓу неговиот поранешен и
веројатно иден клуб.
Италијанскиот
фудбалски стратег возврати на зачестените критики од Неапол на негова адреса и
инсистира на тоа дека доколку би го презел кормилото на Старата дама тоа не би
било предавство, па така објасни какво значење има тој збор според него.
„Кој е предавник?
Некој кој ве остава на цедило“ рече 60 годишниот Сари.
„Тоа е некој кога
дава приоритет на индивидуалните цели повеќе отколку на колективните, како и да
е, јас преферирам да го гледам предниот дел од дресот, каде стои знамето на
клубот, потоа е името на фудбалерот, таа страна помалку ме интересира“ посочи
тој.
„Многу фудбалери
го сменија клубот во Милано, ќе биде подобро тоа да не се прави директно, но,
во текот на кариерата тоа може да се случи, да се бакне дресот? зошто да се
вознемируваме себе си со еден таков начин на искажување на љубов, со оглед на
тоа што никој не знае што би се случило за десетина години…“ заклучи Сари кој
се споменува како главен кандидат за клупата на Јувентус.