Сари со себе носи двајца фудбалери од Челси во Јувентус

by
1 минути читање

Маурицио Сари е
мошне близу да го преземе кормилото во Јувентус, односно да си замине од
клупата на Челси, пренесуваат повеќе медиуми, а поранешниот тренер на Наполи
наводно со себе од Премиерлигашот ќе понесе и двајца фудбалери.

Во Италија
најавуваат дека во претстојните часови искусниот фудбалски стратег ќе го
раскине својот договор со Челси кој е со важност до 2021. година, а тој има и
посебна желба од италијанскиот првак.

Според
информациите кои ги објави „Газета дело Спорт“, Сари со себе сака да понесе и
двајца фудбалери на Челси кои би биле засилување за Старата дама, се работи за
бекот Емерсон Палмиери, како и напаѓачот Гонзало Игуаин, за кого го молеше
раководството на Премиерлигашот да го доведе на Островот.

Како и да е, „Калчомеркато“
пак известува дека останува своите планови во однос на оваа тема, Сари
дополнително да ги дискутира со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи
кога се работи за активностите на трансфер пазарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани